Известувачот од Европскиот парламент (ЕП) за Македонија, Илхан Ќучук, доби забрана за влез во Кина поради мешање во внатрешните работи поврзани со етничката заедница на Ујгурите и санкциите на ЕУ кон одредени кинески официјани лица.
Како што известија од кинеското Министерство за надворешни работи уште четворица европратеници се наоѓаат на оваа листа. Има и дипломати, институти и семејства на кои им е забрането да тргуваат со Кина.
Ќучук, кој е член на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, беше меѓу иницијаторите за доделување на наградата „Сахаров“ на активистот за човекови права на Ујгурите, Илхам Токти.
САД, ЕУ, Велика Британија и Канада во понеделникот воведоа санкции против кинеските власти за кршење на човековите права во Ксинџијанг, што е координирана акција на Западот против Пекинг во времето на новиот американски претседател Џо Бајден. Кина ги отфрла сите наводи за злоупотреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.