Кина доставила 770 милиони дози вакцини против Ковид-19 на повеќе од 100 земји и меѓународни организации.
Вакцините беа дадени на повеќе начини, вклучително и како донации, извоз и заедничко производство, кои ги користеа стотици милиони луѓе ширум светот – изјави за меѓународните медиуми Ванг Сијаолунг, генерален директор на Одделот за меѓународни економски прашања при кинеското МНР.
На првиот состанок на Меѓународниот форум за соработка во областа на вакцинација против Ковид-19, кинескиот претседател Си Џинпинг во писмена порака соопшти дека Кина ќе се стреми да обезбеди две милијарди дози вакцини за светот до крајот на годината и ќе понуди 100 милиони долари за КОВАКС механизмаот за да се обезбеди еднаков пристап до вакцините против Ковид-19.
Ова ветување значи дека Кина е подготвена да обезбеди ефикасни и безбедни вакцини за речиси 10 проценти од светското население надвор од земјата, а во исто време да ги задоволи домашните потреби за вакцинација – изјави Ванг.
Тој изјави дека првата серија помош во вакцини била обезбедена на 1 февруари 2021 година, додавајќи дека за многу земји во развој, кинеските вакцини биле првата серија вакцини што ги примиле, а исто така и единствените што подолг период им биле на располагање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.