Министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, на Симпозиумот за меѓународната ситуација во кинеската дипломатија во 2021 година, порача дека Кина е отворена за разговор со САД за секое прашење, но дијалогот треба да биде на рамноправна основа.

Ванг ја поздрави соработката на Кина со САД, додавајќи оти истата треба да биде од корист за двете страни.

Кина исто така е отворена за конкуренција, но конкуренцијата треба да биде здрава – посочи Ванг, додавајќи оти Пекинг не се плаши од конфликти.

Тој на симпозиум освен за кинеско-американските односи зборуваше и за други теми, како прашањето за Тајван, напорите на Кина во одбрана на меѓународната правичност и правда, глобалната борба против Ковид-19 и односите на Кина со Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.