Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот руски колега, Владимир Путин, во телефонски разговор размениле мислења за Авганистан и се согласиле да ја зајакнат координацијата во врска со кризата во оваа земја.
Кинескиот претседател ги повика сите страни во Авганистан да изградат отворена и инклузивна политичка рамка, да водат умерена, стабилна политика и да ги прекинат врските со сите терористички групи.
Кина е подготвена да го зајакне дијалогот за Авганистан со Русија и другите членови на меѓународната заедница – порача Си.
Според кинеската телевизија, рускиот претседател Путин го поддржал предлогот на кинескиот претседател за зајакнување на координацијата во врска со авганистанското прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.