Научниците од кинеската лабораторија, која е цел на Соединетите држави, се обучени во Америка и Франција, истакна кинеската влада во четвртокот, и покрај контроверзиите околу потеклото на новиот коронавирус.

Спорна е тезата дека вирусот потекнува од лабораторијата за висока безбедност П4 во Вухан, каде вирусот е откриен кон крајот на минатата година, пренесува Хина.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во неделата изјави дека има „бројни докази“ за тоа, што Пекинг го отфрла.

Лабораторијата П4 во Вухан е резултат на соработката меѓу кинеската и француската влада, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунинг пред новинарите. Лабораторискиот дизајн, управувањето и градежниот проект беа спроведени во согласност со строгите меѓународни стандарди и првите вработени беа обучени во лабораториите П4 во САД и Франција, прецизира таа.

Таа лабораторија доби официјална потврда во 2017 година за време на церемонијата во присуство на тогашниот француски премиер Бернар Казенев.

Таа започна да работи според договорот од 2004 година меѓу Кина и Франција.

Лабораториската опрема беше тестирана од трети лица секоја година, истакна Хуа и повтори дека Помпео нема докази дека вирусот излегол од таа лабораторија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.