Кинеските обвинители во петокот соопштија дека двајцата Канаѓани кои биле приведени во 2018 година се обвинети за шпионажа.

Поранешниот дипломат Мајкл Ковриг и кинескиот бизнисмен Мајкл Спавор беа уапсени во Пекинг под сомнение дека ја загрозуваат националната безбедност и крадат државни тајни неколку дена откако Канада ја уапси ќерката на основачот на „Хуавеи“ и прв човек на финансиите во телекомуникацискиот гигант, Менг Ванџоу, за наводно кршење на санкциите на САД против Иран.

Канадскиот премиер Џастин Трудо порано ги нарече апсењата на Ковриг и Спавор „произволни“ и „неприфатливи“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.