Кина пријави 17 нови случаи на Ковид-19, додека претходниот ден имаше девет, соопшти денеска Националната здравствена комисија.
Сите нови случаи на заразени се потврдени кај патници од странство, така што Кина го регистрира 15-от ден без локално пренесени случаи на заразата.
Бројот на пријавени асимптоматски случаи е 19, додека претходниот ден имаше четири.
Во Кина од почетокот на пандемијата потврдени се вкупно 85.048 случаи на коронавирус, а починале 4.634 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.