Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун предупреди дека неговата земја наскоро ќе му покаже на светот ново стратегиско оружје и ја обвини владата на американскиот претседател Доналд Трамп дека намерно одолговлекува со нуклеарните преговори со Пјонгјанг.
Државната новинска агенција КЦНА јави дека Ким за време на четиридневната конференција на владејачката Комунистичка партија во Пјонгјнг кажа дека Северна Кореја никогаш нема да се откаже од својата безбедност за економска корист, во време, како што кажа, на сѐ поголемо американско непријателство и закана со нуклеарно оружје.
Кимовата изјава следи по едномесечната пат-позиција меѓу Вашингтон и Пјонгјанг поради споровите меѓу кои се разоружувањето на Северна Кореја и укинувањето на американските санкции против таа земја.
Ако САД продолжат со непријателската политика кон Северна Кореја, никогаш нема да има денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и Северна Кореја упорно ќе го рзвува неопходното стратегиско оружје за безбедноста на државата додека Вашингтон не прекине со непријателската политика“, кажа Ким.
<
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.