Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во првата половина на оваа година се појавуваше најмалку во јавност, од кога дојде на власт во 2012 година е објавено во денешниот претставен извештај на корејскиот Институт за национална унификација.
Според податоците, Ким во првата половина на годината во јавноста се појавил 19 пати, додека претходните години просекот на појавување му бил меѓу 40 и 50 пати, пренесува Јонхап.
Најмногу пати се појавувал во 2013 година, кога за првите шест месеци биле забележани дури 100 негови појавувања.
Неговото отсуство од јавноста во мај оваа година покрена гласини за неговата здравствена состојба.
Во извештајот се наведува и дека неговиот мал број на појавувања во јавноста е поврзан со епидемијата на коронавирусот, односно смета се дека избегнувал јавно појавување од страв од можна зараза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.