Во берберница во скриена уличка во Ханој, Ле Пук Хаи трпеливо чека да му „фати“ бојата за коса и да стане русо-портокалова како на американскиот претседател Доналд Трамп.
На столчето до него, деветгодишниот То Гиа Хуј е „плукнат“ Ким Џонг Ун.
Многу луѓе ми рекле дека личам на Ким Џонг Ун, особено кога косата ми е направена како неговата“, вели момчето кое и го носи прекарот Ун поради сличноста со севернокорејскиот лидер.
Додека трае лудилото околу самитот, берберот Ле Туан Дуонг ја користи приликата да им понуди на муштериите фризура како на Трамп или Ким, и тоа бесплатно.
Ханој е град на мирот. Штом Доналд Трамп и Ким Џонг Ун решија да дојдат тука и да зборуваат за обновување на мирот, сметам дека и јас треба да направам нешто за да покажам дека луѓето во Ханој го поздравуваат самитот.
Тој вели дека фризурата на Ким е пример за младост, а на Трамп симбол за моќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.