Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун отпатува со воз во Виетнам на својата втора средба со американскиот претседател Доналд Трамп, потврдија денес севернокорејските државни медиуми.

Трамп и Ким ќе го одржат во среда и четврток, 27 и 28 февруари, вториот самит во Ханој каде се очекуваат преговори за денукларизација на Корејскиот Полуостров.

Државната севернокорејска новинакса агенција КЦНА објави дека Ким вчера тргнал од железничката станица во Пјонгјанг, објавувајќи фотографии како мафта од вагонот.

НК њуз, севернокрејска интернет страница со вести на англиски јазик со седиште во Сеул, извести дека во саботата бил забележан оклопниот воз на Ким како ја минува границата со Кина.

Семејството Ким, кое владее со Северна Кореја од нејзиното создавање, има долга историја на патување во странство со воз, а не со авион.

Во март минатата година Ким Џонг Ун отпатува со воз во Пекинг. Неговиот татко Ким Џонг Ил најмалку двапати патувал со воз до Русија.

Основачот на Северна Кореја Ким Ил Сунг, дедото на Ким Џонг Ун, претпочитал да патува со воз па еднаш патувал по копно од Северја Кореја до Источна Германија во 1974 година.

Се знае и дека Ким Џонг Ун нема ништо против летањето па на првата средба со Трамп во Сингапур стигна со патнички евион на Ер Чајна.

Се шпекулираше дека неговиот приватен авион, стар руски иљушин Ил-62, не е способен за долг лет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.