Украинскиот парламент на денешната вонредна седница го продолжи Законот за посебниот статус на Донбас до крајот на 2020 година.

Вкупно 320 пратеници ја поддржаа одлуката што бара најмалку 226 гласа за неговото одобрување.

Членот на украинскиот Закон за посебна постапка на локалната самоуправа во некои окрузи на Доњецката и Лугансата област ќе го заменат податокот 2019 година со 2020 година – се наведува во текстот на документот што беше усвоен.

Тоа значи дека законот за посебниот статус на Донбас ќе биде проодлжен за една година, до крајот на 2020 година, а украинските пратеници не извршија никакви други измени во законот, пренесе Тасс.

Документот стапува во сила со денот на објавувањето.

Законот за Посебниот статус на локалната самоуправа во некои окрузи на Доњецката и Луганската област е во сила од 18 октомври 2014 година, а украинските пратеници веќе го продолжуваа неговото важење.

Документот предвидува одредбите за специјалниот статус да стапат во сила по одржувањето на демократските избори на териториите на Донбас што се под контрола на Киев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.