Властите во австралиската држава Нов Јужен Велс одлучија да ја заострат казнената политика кон граѓаните кои ги прекршуваат рестриктивните мерки.
Бројот на новозаразени лица на локално ниво се зголеми за 466 во изминатите 24 часа во оваа, најнаселена држава во Австралија, а полицијата објави дека ќе ги казни прекршителите на ограничувачкте мерки „на лице место“ со парични казни до 5.000 австралиски долари (3.700 американски долари), потврди премиерката Гладис Береџиклијан.
Мораме да разбереме дека ова е најлошата состојба во Нов Јужен Велс од почетокот на пандемијата, а исто така е и најлошата ситуација во која се најде Австралија, предупреди Береџиклијан.
Како што се влошува епидемиолошката состојба во државата Нов Јужен Велс, се помалку е веројатно дека деветнеделното заклучување ќе заврши во Сиднеј на 28 август, како што беше првично планирано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.