Покрај својот придонес од 20 милиони американски долари во Глобалната алијанса за
вакцини и имунизација (ГАВИ), вицепремиерот и министер за надворешни работи на државата Катар Шеик Мохамед бин Абдулхман Ал-Тани објави дека државата Катар ќе придонесе финасиска поддршка од дополнителни 10 милиони американски долари на Светската здравствена организација (СЗО) за пронаоѓање опрема за тестирање, третман и вакцина за Коронавирусот.
Неговата екселенција рече дека за време на учеството во кампањата за посветеност во борбата против COVID-19 одржана преку видео конференција од непрофитната организација Глобални граѓани државата Катар е горда што ја поддржува кампањата „Глобална цел: Обединети за нашата иднина“. Неговата екселенција ја изрази благодарноста на државата во Катар на Европската комисија и Глобални граѓани запартнерството во кампањата.
Вицепремиерот и министер за надворешни работи рече дека пандемијата на Коронавирусот не само што ги тестира здравствените системи, образовните системи и економиите ширум светот, туку на тест ги стави и човечките принципи и можноста за брзо реагирање и солидарност.
Неговата екселенција додаде дека зголемувањето на меѓународната поддршка и политичката посветеност е најпотребно сега, повеќе од било кога за да се обезбеди пристап до тестовите, третманите и вакцините за COVID-19 за сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.