Големиот топлотен бран што периодов ја зафати Европа деновиве силно се чувствува и во Шпанија. Рекордна тепмература од 43 степени измерени се во градот Лерида, во Каталонија, што според локалните метеоролошки служби го надминува рекордот од 2015 година, кога на истото место, во јули, биле измерени 41,2 степена.

Службите за заштита и спасување се во највисока состојба на готовност, а до граѓаните се упатуваат апели да се избегнува изложување на сонцето и подолг престој на отворено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.