Најмалку шест лица загинаа, а осум се повредени во судирот на два автомобила со две цистерни за гориво на автопатот И-75 во близина на Гејсвил, во областа Алачуа на Флорида, по што на местото на несреќата се излиле повеќе од 50 галони дизел, пренесува Гејнсвил сан“.
По судирот, неколку автомобили и најмалку една цистерна се запалиле од запаленото гориво, а сообраќајот бил целосно пренасочен по други сообраќајници. На местото на несреќата веднаш потоа биле распоредени тимови за спасување од опасни материјали.
Голем дел од повредените се во сериозна состојба и се пренесени во локалниот медицински центар. Причината за несреќата останува непозната, а локалните власти почнаа истрага за смртоносниот судир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.