Американскиот рапер Канје Вест потврди во интервју за „Форбс“ објавено во средата дека ќе се кандидира за претседател оваа година и ја обвини Демократската партија за расизам.

Ова е форма на расизам и надмоќ на белата раса и нивна контрола да кажат дека сите црнци треба да бидат демократи и да претпостават дека мојата кандидатура за претседател е да ги поделам гласовите, тврди Вест.

Раперот истакнува дека изгубил доверба во американскиот претседател Доналд Трамп, кого порано го поддржувал, но инсистира на тоа дека предложениот демократски кандидат, Џо Бајден не е доволно „специјален“ за да биде претседател.

Вест ја објави својата кандидатура за претседател во твит за време на викендот, но во тоа време не беше јасно дали е сериозен.

Како и да е, тој во интервјуто за Форбс инсистира на тоа дека објавата не е акробација за публицитет и истакна дека ќе се кандидира како републиканец доколку Трамп не се кандидира, но како стојат работите, по се изгледа дека тој ќе се кандидира како независен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.