Раперот Кање Вест е „исклучително внимателен“ за можната вакцина против коронавирусот, зашто верува дека таа би можела да ги спречи луѓето да влезат во рајот.

42-годишниот рапер открива дека прележал ковид 19 уште во февруари, имал грозница и се „тресел во кревет“. Сепак, неговото искуство не го променило неговото мислење за вакцината, зашто ѕвездата, која сега се кандидра за претседател, мисли дека вакцината е „знак на ѕверот“.

Толку наши деца се парализираат од вакцините, па кога велат дека се ќе се поправи со вакцината за ковид, многу сум внимателен. Тоа е знак на ѕверот, вели Вест во интервју за Форбс.

Сакаат да ни уфрлат чипови, да прават сешто со нас за да се уверат дека нема да можеме да поминеме низ небесните порти, додава.

Луѓето имаат ѓавол во себе, а тажно е, всушност најтажно, што нема сите да успееме да влеземе во рајот, заклучува Вест во интервјуто за „Форбс“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.