Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека ќе се стави во самоизолација откако неговата сопруга покажала симптоми за коронавирус, јавува Би-би-си.
Трудо и неговата сопруга Софи биле на патување во Лондон и таа по враќањето покажала благи симптоми слични на оние за коронавирус, вклучувајќи и треска која се појавила минатата ноќ.
Поради тоа, премиерот Трудо се ставил во самоизолација, а состаноците и брифинзите ќе ги одржува по телефон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.