Канадската компанија за развој на лекови „Медикаго“ соопшти дека започнала испитување во доцна фаза на својата експериментална вакцина против Ковид-19, во комбинација со засилувач од „ГлаксоСмитКлајн“, пишува Гардијан.

Студијата планира до последната фаза да вклучи 30.000 учесници и првично да се фокусира на здрави возрасни лица, проследено со возрасни над 65 години и оние со истовремени болести.

„Медикаго“, кој е во фаза на развој на најнапредниот проект за вакцини против коронавирусот во Канада, очекува следниот месец да ги објави резултатите од среднорочната фаза на тестирање на вакцината.

Вакцината на „Медикаго“ користи технологија позната како честички слични на вирус, која ја имитира структурата на коронавирусот, но не содржи генетски материјал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.