Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека првите дози на анти-ковид вакцината на „Фајзер“ и на „бионтек“ пристигнале во државата и уште денеска може да бидат аплициртани првите дози, откако Националниот здравствен регулатор во минатата среда ја одобри заедничката вакцина на американскиот производител и на германскиот партнер во проектот.

Вакцините ќе бидат распределени на 14 пункта за дистрибуција во земјата.

Квебек се очекува да биде првата провинција каде ќе се аплицира вакцината. Локалната власт објави дека е подготвена денеска да почне со имунизација на жителите на два социјални домови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.