Градоначалникот на Лондон, Садик Кан денеска изјави дека Ковид-19 е „надвор од контрола“ во главниот град на Велика Британија.
Се плашам дека овој вирус е надвор од контрола, изјави Кан и додаде дека лондонските болници може да останат без бесплатни кревети.
Кан за Би-Би-Си изјави дека во некои делови на Лондон, секој 20-ти човек е заразен со Ковид-19.
Градоначалникот им порача на граѓаните на Лондон дека најдобриот начин да им се помогне на здравствените служби е да останат дома.
Кан денеска прогласи вонредна состојба во Лондон, град што се бори со се поголем број случаи на Ковид-19, додека болниците се обидуваат да се справат со големиот прилив на пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.