Граѓаните на Мадрид и шпанската полиција во петокот вечерта се соочија со невообичаена глетка во главниот град на Шпанија, кога голем број камили и една лама избегале од циркус и залутале по улиците на градот.
Животните биле од „Гран сирко Китрос“ (Gran Circo Quiros), а во утринските асови биле лоцирани и безбедно водени од полициски службеници назад до циркусот.
Националната полиција на Шпанија ја потврди веста на Твитер, споделувајќи слики од животните кои шетаат по улиците и потпишани со хаштагот #WeLoveAnimals.
На својата страница на Инстаграм, циркусот соопшти дека „претрпел саботажа“, но потврди дека „животните се добро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.