Некои работни места, училишта и установи за грижа на деца во Калифорнија постепено ќе започнат да работат кога државата ќе го подобри тестирањето на вирусот и следењето на контакти.

Во втората фаза од борбата против коронавирусот, американската сојузна држава Калифорнија би можела да дозволи некои производни и канцелариски бизниси кои не може да функционираат со работа од дома, изјави државната секретарка за здравство, Соња Ејнџел.

Таа додаде дека претпријатијата ќе мора да им овозможат на работниците да останат дома кога ќе бидат болни.

„Втората фаза започнува за неколку седмици, а не месеци“, изјави гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусам, пренесува „Ројтерс“.

Според него, изменетите летни школски програми, започнувањето на школската година порано и отворањето на установите за грижа на деца ќе им помогнат на работниците да се вратат на работа.

Државата ќе биде подготвена за првото ублажување на мерките откако ќе бидат исполнети условите како што е следењето на контактите во целата држава, задоволувачки број на тестови, набавка на доволни количини заштитна опрема и стабилизација на болниците каде што ќе бидат сместени заболените.

Њусам порача дека за враќање на активностите од висок ризик, како на пример концерти и големи собири, ќе бидат потребни месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.