Во Италија во сè поголем број се продаваат календари со ликот на неллогашниот фашистички водач Бенито Мусолини. Сопственикот на првата фирма која уште во деведесеттите години на минатиот век почна да печати такви календари сега има конкуренција од уште три издавачки куќи, пренесува Гардијан.
Британскиот весник ја пенесува изјавата на сопственикот на издавачката куќа „Гама 300“, Ренато Чирчи, кој вели дека секоја година печати околу 10.000 примероци од календарот со фотографии од Дуче, а сега во тој бизнис влегле уште три издавачи.
Чирчи смета дека популизмот го враќа сеќавањето на историски личности и наведува дека најголем број од обожавателите на Мусолини се млади.
„Гардијан“ смета дека одговрност за оваа појава до некаде има и заменик-премиерот Матео Салвини, кој во повеќе наврати го цитирал Мусолини и учествувал на манифестации на кои биле изложени негови фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.