Грета Тунберг ги прекори светските лидери, при денешното обраќање на климатскиот самит на ОН, обвинувајќи ги дека ја изневериле нејзината генерација, бидејќи не успеале да се справат со емисиите на гасовите со ефект на стаклена градина и ги праша „Како се осмелувате?”
Шведската тинејџерка во својот говор кажа:
Сето ова е погрешно. Не треба да бидам овде. Треба да се вратам на училиште на другата страна од океанот“, рече 16-годишната девојка, која на една година ги прекина студиите.
Доаѓате кај нас младите за надеж. Како се осмелувате?“ праша таа.
Ми ги украдовте соништата и детството со вашите празни зборови, но сепак јас сум една од среќните. Луѓето страдаат, луѓето умираат, целиот екосистем се распаѓа“, заклучи младата Тунберг.
Ние сме на почеток на масовно истребување и сè за што зборувате се парите и бајките за вечен економски раст. Како се осмелувате!, ги прекори Грета.
Таа додаде дека во разговорите со лидерите, ѝ било кажано дека младите се слушнати и итноста е разбрана.
Но, без оглед колку сум тажна и лута, не сакам да верувам во тоа, затоа што ако навистина ја разбирате ситуацијата и продолжувате да не делувате, тогаш вие би биле злобни и одбивам во тоа да верувам“, истакна таа.
Нема да има никакви решенија или планови презентирани во согласност со овие бројки денес, овде, затоа што овие бројки се премногу непријатни, а вие сè уште не сте доволно зрели да го кажете како што е“.
Нè изневерувате“, заклучи таа. „Но, младите почнуваат да го разбираат вашето предавство“.
„Очите на сите идни генерации се кон вас, и ако решите да не изневерите. Ви велам, никогаш нема да ви простиме!“, порача младото девојче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.