Во нападите врз Израел од појасот Газа, како што објави весникот Хаарец на својата веб-страница, загинаа шест лица, иако ракетите беа насочени и кон густо населени области. Во Газа загинаа 53 лица.

Тоа, наводно, е заслуга на противракетниот систем „Железна купола“, чија улога е да ги запре ракетите со краток дострел. Нејшн, дневен весник на англиски јазик што излегува во ОАЕ, вели дека, според израелската армија, во вторникот „Железната купола“ запрела 200 од нешто повеќе од 480 ракети истрелани од позициите што ги држат милитантните движења Хамас и Исламски џихад од појасот Газа.

Во средата, портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИД) објави дека кон Израел биле испукани вкупно околу 850 ракети, а Железната купола пресретнала и уништила 85-90 проценти од нив. Тој процент би одговарал на тврдењата на производителот, кои многу аналитичари ги доведуваа во прашање. ИД објави снимка од дејството на Куполата, која ги запре скоро сите ракети испукани од појасот Газа кон Тел Авив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.