Движењето Животите на црните луѓе се важни (БЛМ) кое организира масовни протести низ САД, а бара и отстранување на историски споменици и менување на историскиот наратив, почнува да добива карактеристики кои им се добро познати на земјите од источна Европа, пишува Вишеградската новинска агенција В4НА. Барањата да се забранат книги и филмови кои се спротивни на идеологијата на БЛМ почнуваат да наликуваат на барањата на нацистите и комунистите од минатото.
Заедничка карактеристика на овие два режими е дека ги гонеа дисидентите и ги забрануваа нивните дела. Во Германија, Нацистите дури јавно гореа книги во 1933 година. Нацистичкото Министерство за пропаганда предводено од Јозеф Гебелс го забрани читањето и ширењето на делата на Алберт Ајнштајн, Сигмунд Фројд, Франц Кафка, Томас Ман, Ернест Хемингвеј, Марсел Пруст и многу други. Во Советскиот Сојуз, пак, и во комунистичките земји на источна Европа, главно беа забранувани делата на (американските и британските) империјалистички автори, како и книгите на руските опозициски автори како Александар Солжењицин. Филмовите на чешкиот режисер Јиржи Менцел и на неговиот полски колега Анджеј Вајда исто така беа забранувани, потсетува В4НА.
Двата режими извршија сериозни насилства – нацистите против левичарските и еврејските мислители, додека комунистите го ликвидираа легитимниот владетел, царот Николај Втори со се целото негово семејство. Потоа почнаа забраните на опозициските партии, прогон на политичките противници во логори и ликвидацијата на стотици илјади, на крај милиони луѓе.
Денес, во одговор на протестите на движењето БЛМ, разни образовни институции најавуваат дека ќе се ослободат делата кои не се во согласност со ставовите на ова движење. На пример, библиотеката на универзитетот Холовеј во Лондон најави дека ќе отстрани одредени книги од своите полици и така ќе даде придонес во борбата против „структурниот расизам“. Библиотеката дури се извини што не го сторила тоа порано. Во иднина, планот е изборот на книги да се „деколонизира“ и направи „поразновиден“, како дел од борбата против расизмот и дискриминацијата. „Почнаа со горење книги“, одговори на ова лидерот на партијата Брексит Најџел Фараж, кој додаде дека ваквиот фанатизам станува се поопасен.
На удар не се само книгите. Поради нивното големо влијание во обликувањето на јавната свест, филмовите и телевизиските серии се најдоа на црната листа. Компанијата ХБО најави дека ќе го повлече филмот „Одвеано со виорот“ од својата понуда поради расистичкото претставување на црнците и ропството на Југот. Дополнително, укината е популарната серија „Полицајци“. „Би-би-си“ дури ја повлече познатата епизода од хумористичната серија „Фолти Тауерс“ во која Џон Клиз го имитира Адолф Хитлер и ја коментира Втората светска војна. Серија која се сметаше за забавна во средината на 1970-ите години, сега е проблем, ни порачуваат либералните политичари.
Но од друга страна, во случаите кога конзервативни гледачи ќе побараат да се повлече некое дело кое ги навредува нивните чувства, тогаш тоа е неприфатливо. Нетфликс Бразил одби да го повлече филмот „Последното искушение на Христос“, невкусна пародија во која Исус е претставен како хомосексуалец. Дури 2,5 милиони Бразилци се потпишаа на петицијата филмот да се отстрани од Нетфликс, но тоа не е беше доволно за компанијата.
The book burning has started. This fanaticism is very dangerous. https://t.co/CxEL6X8bog
— Nigel Farage (@Nigel_Farage) June 12, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.