Бабата на масовниот убиец од нов Зеланд во не може да поверува на тоа што го слушнала за „доброто момче“ кое што оследен пат го видела за Божиќ ублил 49 лица.
Џојс Тарант рекла дека ладнокрвниот убиец кој се снимал мирно додека стрела во муслимани за време на молитвата не е внукот кој што го познава.
Добриот внук, денеска призна дека е терорист, изведен е пред суд за убиство на 49 лица и 11 кои што се борат за живот.
Тоа е многу вознемирувачко, особено затоа што Брентон беше добро момче – ракла таа за австралискиот Дали мејл, додавајќи дека тој семејството го посетувал два пати годишно, а последен пат за Божиќ.
Целото семејство тешко ги поднесува вестите.
Правиме најдобро што знаеме. Не покажуваше знаци кон екстремистичка идеологија кога последен пат зборував со него – рекла неговата баба.
Вестите како вистински шок пристигнаа во семејството, особено за неговата мајка Шерон, која што за време на масакрот била во училница, каде што предавала англиски јазик.
Се верува дека неговата сестра Лорен и нејзината мајка после испрашувањето од полицијата се кријат заедно.
Инаку семејството на напаѓачот веднаш се јавило во полиција откако го препознале неговиот лик на телевизија, рекле од полицијата. Неговото семејство е доста почитувано во градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.