Три месеци по парламентарните избори на кои победи Народната партијата на досегашниот
премиер Себастијан Курц постигнат е договор за формирање коалициска влада. Во неа,
наместо радикално десничарската Слободарска партија како партнер влегува Партијата на Зелените, која беше четвртопласирана на изборите. Зелените прв пат во својата историја ќе станат дел од власта во Австрија.

Според договорот, во Кабинетот на Курц кој ќе има 15 министри, со четири ресори ќе раководат
претставници на Партијата на Зелените. Министерството за правда ќе го предводи беглката од Босна, Алма Задиќ.


Задиќ е родена во Тузла и за време на воениот виор, во 1994 година. Како десетгодишно девојче со родителите избегала во Виена. Таму завршила Правен факултет, а потоа заминала за Њу Јорк и студирала на Универзитетот Колумбија. Во 2017-та таа е избрана за пратеник во австрискиот парламент. Тогаш порача дека нејзиниот влез во парламентот не е важен само за неа, туку и за сите луѓе кои не се родени во Австрија, кои дошле во оваа земја, особено оние од Босна и Херцеговина и од поранешна Југославија.

Во парламентот таа честопати беше мета на ксенофобични и сексистички напади од преставниците на тогаш владејачката екстремистичка Слободарска партија а истото се случува и по објавувањето на нејзината номинација за министерка.
Австриските медиуми пишуваат дека ја чека исклучително тешка задача бидејќи во секторот нема да ја дочекаат со раширени раце, особено затоа што таа како пратеник постојано ја критикувала работата на обвинителството, посебно на одделот за стопански криминал и корупција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.