Повторното отворање на Унгарија во домашни рамки официјално се случи на 15-ти јуни и оттогаш има еден вид на враќање во нормалност. Баровите се отворени, плажарите го посетуваат езерото Балатон, а многу други туристички области низ целата земја гледаат бавен, но стабилен пораст на посетители. Во меѓувреме, бројот на нови случаи на коронавирус останува постојано низок. Но, оваа ситуација може нема да трае уште долго бидејќи бројот на новозаразени се зголеми во целиот свет, особено во земјите околу Унгарија, пишува „Хангари тудеј“.
Србија бележи дневна стапка од 300+ нови случаи, а во Романија дневната стапка на новозаразени е 700+, додека Унгарија нема регистирано повеќе од 20 случаи на ден. На друго место низ целиот свет, стапките на нови случаи варираат многу помеѓу земјите. Во Северна Америка, Канада се чини дека ја има доведено пандемијата под контрола, додека Соединетите Држави и Мексико бележат рекорди во дневниот број на заразени со коронавирусот.
Оваа збунувачка состојба која се менува преку ден го придружува планот на унгарската влада за повторно отворање и рестартирање на економијата. Ковид-19 имаше големо влијание на унгарската економија, туристичката индустрија е затворена скоро целосно, индустриското производство се намали за 30%, а стапката на невработеност се проценува дека двојно се зголемила на околу 7,5%.
Унгарската влада имплементираше доста голем план за рестартирање на економијата, најавувајќи фискален стимул еквивалент на 4,4% од БДП, а 5,4% од БДП (2.500 милијарди форинти) е ставен на располагање на приватниот сектор во форма на заеми. Понатаму, постои мораториум за исплата на заеми до крајот на 2020 година.
Предвидувањата за тоа како точно ќе се одвива унгарската економија во краткорочната иднина се различни, но тие имаат тенденција да бидат во патоказ на 5-10% намалување на БДП во текот на следната година, во зависност од интензитетот на „вториот бран“ на коронавирусот. Предвидувањата за последователно економско закрепнување во 2021 година, исто така, зависат од вториот бран, движејќи се од 4-5% закрепнување во најдобро сценарио и 1,5% закрепнување во најлош случај.
Овие бројки даваат прилично добра идеја за тоа кој е краткотрајниот изглед за унгарската економија, но важно е да се разбере што стои зад нив. На пример, масивното намалување на индустриското производство е всушност најлошо во Европската унија. Ова може да се припише на поврзаноста на Унгарија со цнабдувачите на производителите во Западна Европа кои се суштински замрзнати за време на пандемијата.
Скоро целосното затворање на секторот за туризам и забава беше предвидливо и тие полека закрепнуваат откако повторно беа отворени. Но, со тоа што владата најави откажување на прославите на 20 август, како и нови ограничувања на фестивали и музички настани, се чини дека уметниците ќе страдаат уште некое време.
Друг важен фактор што треба да се разгледа се многуте унгарски државјани и државјани на други земји кои порано патувале (честопати дневно) преку границите со Украина, Романија и Србија. Не е без причина што Романија и Србија беа назначени како жолти региони наместо црвени, најверојатно за да се ублажат негативните последици за прекуграничните работници.
Севкупно, прогнозата за унгарската економија не е позитивна, но во однос на многу други земји ширум светот закрепнувањето се предвидува да биде доста брзо. Дури и во најлошото сценарио, закрепнувањето до БДП пред коронавирусот не треба да трае подолго од она што следеше по рецесијата во 2008 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.