Со површина од 76,5 квадратни километри и цена над 10,5 милијарди евра, 35 километри северно од Истанбул се наоѓа најголемниот аеродром на светот. За споредба аеродромот е три ипол пати поголем од оној во Франкфурт. Аеродромот содржи шест одвоени писти, има капацитет за 500 авиони, паркинг од отворен и затворен тип со капацитет од 70.000 возила и годишно опслужува околу 200 милиони патници.
На аеродромот дневно слетуваат и полетуваат 2.000 авиони, кон повеќе од 350 дестинации, а своите услуги ги нудат 250 авиокомпании.
Тој беше отворен во октомври минатата година од страна на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во присуство на повеќе од 50 високи функционери од целиот свет, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.