Болницата во Вухан, чија изградба почна на 24 јануари, утрово ги прими првите пациенти. Се работи за сосема нова градба која Кинезите ја започнаа за потребите на лекувањето на заболените од новиот коронавирус.
Архитектонското чудо се протега на околу 25.000 квадратни метри и има 1.000 болнички кревети. Екипирана со целиот потребен кадар и опремена со неопходните апарати за борба против болеста.
Според најавите од Кина, наскоро ќе биде завршена и втората болница со капацитет од 1.500 кревети.
Бројот на жртви од корона-вирусот нарасна на 362, со што е надминат бројот на жртви од вирусот САРС во Кина во 2003 година, додека инфицирани се над 17.000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.