Факти откако се прошири коронавируст:
– Засега е потврдено дека има 41 жртва од тој вирус во Кина од 24 јануари, и дека се заболени 1.287 луѓе.
-СЗО нагласи ширењето на вирусот означува вонредна состојба за Кина, и се уште не е глобален итен случај.
– Кина треба презема построги мерки за спречување на ширењето, јави државната телевизија.
– Досега непознатиот вирус се појави кон крајот на минатата година на животински пазар во Вухан.
– Симптомите се треска, кашлица и отежнато дишење.
– Кина вели дека вирусот мутира и може да се пренесе преку контакт од човек на човек.
– Најпогодени се постарите лица и оние со хронични заболувања.
– Три истражувачки тимови започнаа со работа на развој на потенцијална вакцина, соопшти Коалицијата за спречување епидемии.
– Научниците се надеваат дека ќе ги тестираат првите можни вакцини по три месеци.
– Вухан, град со 11 милиони, е со сериозни ограничувања на патувањето, со урбан сообраќај затворен и затворени аеродроми.
– Кина им советува на луѓето да избегнуваат метеж, и 10 градови во централната провинција Хубеи, каде се наоѓа Вухан, го суспендираа транспортот.
– Пекинг го затвори туристичкиот пристап до забранетиот град и ги откажа големите собири, меѓу кои и два лунарни новогодишни саеми, затворене за посета и Големиот ѕид.
– Паркот Дизни во Шангај е затворен од денеска.
– Аеродромите ширум светот го засилија скринингот на патници
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.