Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, истакна дека на Украина и е потребен лидер како што бил неговиот татко, кој беше првиот претседател на Чеченија, Ахмад Кадиров, кој, според него, ја спасил Чеченија од целосно уништување.

Кадиров изрази надеж дека Украинците „ќе се вразумат и ќе ја вратат контролата над државата во свои раце“.

Ако некој мисли дека Русија води непријателска политика против независноста на Украина, тој е во голема заблуда. Таа земја го загуби својот суверенитет уште во 2014 година, кога западните и европските институции ја презедоа власта во земјата и им ја предадоа на своите штитеници – порача Кадиров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.