Рамзан Кадиров изјави дека тој и чеченските единици се подготвени да ги заменат Евгениј Пригожин и „Вагнер“ на позициите во Бахмут.
Ако постариот брат Пригожин и „Вагнер“ заминат, тогаш Генералштабот ќе изгуби искусна борбена единица, а неговиот помлад брат Кадиров и „Ахмат“ ќе го заземат неговото место во Артјомовск (Бахмут на руски). Ако сценариото е, сепак, вакво, тогаш нашите борци се подготвени да напредуваат и да го заземат градот. Тоа е прашање на часови.
Но, би сакал да ги заземеме преостанатите два километри од градот не по цена на животите на нашите војници, туку како резултат на меѓусебно разбирање, поддршка и решителноста на командата и борците да ја исполнат наредбата на врховниот командант на Русија, Владимир Владимирович Путин“, се вели во соопштението на чеченскиот лидер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.