Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, порача дека следната задача во рамките на специјалната воена операција во Украина ќе биде фаќање и ликвидација на преостанатите терористи кои некогаш побегнале од Чеченија.

Оваа недела ја ослободивме целата територија на Луганската Народна Република. Тоа е, без сомнение, историско и судбоносно достигнување за Луганск, но за нас Чеченците операцијата се уште е далеку од завршена. Се надеваме дека ќе ни дадат дозвола, доколку е потребно, да стигнеме до Киев и да се справиме со терористите кои некогаш избегаа од Чеченија – напиша Кадиров на Телеграм.

Чеченскиот лидер додаде дека по тие терористи е распишана потерница и дека тие се засолнети во Киев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.