Според податоците на УНХЦР, на крајот на 2020 година, имало околу 2,6 милиони бегалци од Авганистан, и тоа оние кои не влегле во процесот на добивање азил.
Пресекот на нивните локации ни дава увид каде Авганистанците обично бараат засолниште. Дури 85 проценти од сите авганистански бегалци се во соседните земји – Пакистан и Иран, додека Германија е на трето место со 148.000 Авганистанци, или околу 5,5 проценти.
Австрија, Франција и Шведска се други главни дестинации за авганистанските бегалци во Европа. Според најновиот извештај од Европската унија, околу 7.000 Авганистанци добија постојан или привремен правен статус во ЕУ во првиот квартал од 2021 година. Околу 2.200 од тој број беа лоцирани во Грција, 1.800 во Франција, 1.000 во Германија и околу 700 во Италија, додека другите земји на ЕУ добија помали контингенти.

Генерално, авганистанските бегалци имаат околу 62 проценти шанси да добијат правен статус во ЕУ, иако на многумина им е дадена само привремена дозвола. Франција и Германија се земјите кои одбиваат најмногу барања на Авганистанци за азил, но во моментов сите депортации се стопирани, поради ситуацијата во Авганистан.
11.000 авганистански бегалци во моментов се во Австралија, повеќе отколку во Велика Британија, САД и Индија. Во Индија, програмата беше проширена за Авганистанците кои работеа за американската влада и други ентитети за време на воената мисија во таа земја. Се очекува дека ќе има околу 20.000 апликанти преку таа програма.
Преземено: Во Центар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.