Претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, беше „уловен“ од камерите како се мачи да ја стави заштитината маска на своето лице, додека држеше говор за важноста на носењето на истите.

Пред да претрпи неуспех со маската за лице претседателот Рамафоса и соопшти на нацијата дека ќе ги олесни некои од донесените рестриктивни мерки од следниот месец.

Тој ги повика граѓаните кои ги напуштаат своите домови и користат јавен превоз да носат маски на лице, а потоа се обиде да даде поучна демонстрација и инструкции како се носи маска – што не одеше по планот.

Со иста мака неодамна се соочија и бугарскиот премиер, Бојко Борисов, како и премиерот на Босна и Хереговина, Фадил Новалиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.