Јужнокорејските спортисти, кои ова лето ќе настапат на Олимписките игри во Токио, утре ќе ја примат првата доза вакцина против Ковид-19, јавија денеска локалните медиуми.

Првата група од околу стотина спортисти и тренери ќе бидат вакцинирани в четврток, додека преостанатите околу 500 членови на олимпискиот тим првата доза вакцина ќе ја примат на почетокот на мај.

Близу 2.7 милиони Јужнокорејци од вкупно 52 милиони жители на оваа азиска држава досега примиле прва доза од вакцината против коронавирусот.

Вакцинирањето против Ковид – 19 не е задожително за учество на Игрите во Токио, но се препорачува.

Олимпијадата во Токио, која лани беше одложена поради пандемијата, треба да се одржи од 23 јули до 8 август.

Австралискиот олимписки комитет за идната недела, исто така, најави почеток на вакцинирање на своите спортисти, откако обезбеди вакцини преку приватен доставувач за да се избегне оптоварување на јавниот здравствен систем



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.