Јужна Кореја, поради загриженост за згрутчување на крвта, одлучи да ја прекине програмата за имунизација против Ковид-19 со вакцината на „Астра Зенека“ за лица помлади од 60 години .
Ќе бидат откажани и програмите за вакцинација со „Астра Зенека“ за инструктори за специјално образование и наставници во градинки, основни и средни училишта, за вкупно околу 70.000 лица, што беа планирани да почнат утре,
Со ваквото нарушување на распоредот за вакцинација, Јужна Кореја би можела да биде под силен притисок да постигне имунитет на стадо до ноември.
Ја донесовме оваа одлука за претпазливост за пред се да ја ставиме безбедноста на луѓето кои примаат вакцини против Ковид-19 – изјави шефот на корејскиот центар за контрола и превенција на болести.
Тој додаде дека „врз основа на наодите на ЕМА, ќе се спроведат дискусии со експерти и брзо ќе се реагира“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.