Министерството за обединување на Јужна Кореја соопшти денес дека во Северна Кореја немало „необични случувања“ сугерирајќи дека гласините за лошото здравје на лидерот на таа земја Ким Џонг Ун се невистинити.

Јужнокорејскиот министер за обединување Ким Јеон Чул кажа на затворен форум во Сеул дека Јужна Кореја има „доволно информации да може со сигурност да каже дека во Северна Кореја нема невообичаени активности кои би ги поддржале шпекулациите за лошото здравје на нејзиниот лидер“.

Министерот додаде дека нема да открие која конкретна разузнавачка информација довела до тој заклучок, но истакна дека таа минала низ сложен процес на анализа.

Здравјето на Ким предизвикува големо интересирање и на регионален и на глобален план, имајќи предвид дека тој е апсолутистички лидер на држава со нуклеарно оружје, а експертите претходно наведоа дека неговата лоша здравствена состојба би можела да доведе до нестабилност во земјата.

Кабинетот на Ким Јеон Чул претходно соопшти дека има информации дека севернокорејскиот лидер се наоѓа надвор од Пјонгјанг, но дека немало наредба за спремност во случај на нужда издадена од војската на Северот или Работничката партија во случај на лоша здравствена состојба на Ким.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.