Пан-американската здравствена организација (ПАХО) предупреди дека Централнам Јужна и Cеверна Америка се соочуваат со пандемија на невакцинирани.
Од организацијата истакнуаат дека земјите со низок опсег на вакцинација имаат зголемен број заразени од Ковид-19 и повторно ги повикуваат земјите кои располагаат со поголем број вакцини да ги донираат на посиромашните.
Се соочуваме со пандемија на невакцинирани, а единствениот начин да се запре тоа е ширење на вакцинацијата – изјави директорката на ПАХО, Кариса Етјен.
Таа додава дека вакцината е клучна, дури и ако ниту една вакцина не е сто отсто ефикасна.
Само 15 проценти од луѓето во Латинска Америка и на Карибите се целосно вакцинирани. Оваа бројка не е прецизна, бидејќи некои земји како Хондурас и Хаити не вакцинирале ниту еден процент од населението – истакна Етјен.
Таа повторно ги повика земјите со доволно дози што побрзо да ги распределат на оние на кои им се потребни.
Очигледно дека ни требаат повеќе вакцини и тоа сега. Во моментов, донирањето вакцини е навистина единствениот начин за многу земји во нашиот регион брзо да ги обезбедат потребните дози – додаде таа.
Во двете Америки, минатата недела се регистрирани 967.000 нови случаи и 22.000 смртни случаи, што е мало намалување од претходната недела.
Според Етјен, епидемијата се забрзува во поголемиот дел од Централна Америка и на помалите карипски острови, додека бројот на заразени и смртни случаи се зголемува во Куба, а жариштата сè уште постојат во амазонските региони Колумбија и Перу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.