Претседателот на Европската комисија и поранешен премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер, кој гласаше на денешните европски избори, укажа на важноста на овие избори и ги повика сите Европејци да гласаат. Тој објави фотографија на Твитер од неговото избирачко место.
Само што гласав. Гласајте како да е пресудно. Секој глас се брои, рече Јункер на Твитер. Во 2014 година, како водечки кандидат на Европската народна партија, Жан-Клод Јункер доби најголема поддршка од гласачите на европските избори.
По одлуката на Европскиот совет и ратификацијата во Европскиот парламент, Јункер беше назначен за претседател на Европската комисија за периодот од 2014 до 2019 година.
Јункер: Гласајте како да е од пресудно значење, секој глас се брои .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.