Јапонската Влада се подготвува повторно да прогласи вонредна состојба во Токио и уште три други региони, поради големото зголемување на случаи на коронавирус во земјата, три месеци пред закажаниот почеток на Олимписките игри во главниот град.

Мерките ќе бидат построги отколку во претходната вонредна состојба воведена во јануари во делови од земјата, но сепак ќе бидат поумерени од заклучувањата што се спроведуваат во многу други земји повеќе од една година.

Имаме силно чувство на криза, изјави денеска јапонскиот министер задолжен за борба против коронавирусот Јасутоши Нишимура.

Нема да можеме да ги контролираме мутациите кои се многу позаразни ако не преземеме посилни мерки од досега преземените.

Воведувањето на вонредната состојба се очекува да биде објавено денеска, а мерката прво ќе се однесува на Токио и трите региони во западниот дел на земјата, Осака, Кјото и Хјого.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.