Јапонија трет ден по ред има повеќе од 1.000 нови случаи на корона вирус, а во последното деноноќие се регистрирани 1.238 заразени лица.
Според податоците на јапонското Министерство за здравство, во главниот град Токио има повеќе од една третина, односно се регистрирани 385 случаи на Ковид -19.
Во последните 24 часа од корона вирусот починале три лица.
Јапонија досега потврдила вкупно 55.426 случаи на корона вирус и 1.111 смртни случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.