Јапонското Mинистерство за здравство денеска соопшти дека загадувачи се пронајдени во некои неискористени дози на вакцината против САРС КОВ 2 вирусот на Модерна и употребата на околу 1,63 милиони дози од истата производствена линија е суспендирана како мерка на претпазливост, јавува KYODO NEWS .
Најмалку 180.000 потенцијално контаминирани вакцини се веќе аплицирани во 19 од 47 префектури во земјата, вклучувајќи ги и Токио и Осака, според извештајот на Кјодо њус базиран на извештаи на локалната власт. И Модерна и јапонскиот производител на лекови Такеда Фармацевтска Комп., која е задолжена за продажба и дистрибуција на вакцината во земјата, рекоа дека не добиле никакви извештаи во врска со безбедносните прашања.
До денес, не се идентификувани прашања за безбедност или ефикасност“, рекле од Модерна за „Кјодо њуз“, додавајќи дека „внимателно го проценуваат ова прашање и во овој момент немаат дополнителни коментари за основните причини“.
Во врска со можните проблеми во други земји, од американската компанија изјавиле:
На постојана основа, Модерна ги следи и експедитивно ги проценува прашањата што ги добиваме за нашите производи од глобалните пазари. Локалните власти сами ќе донесат одлуки за откривање информации по овие проценки, рекле од компанијата.
Премиерот на Јапонија Јошихиде Суга им рекол на новинарите: „Бев информиран од Министерството за здравство дека нема да има значително влијание“, прашан за можноста суспензијата да ја наруши јапонската програма за вакцинација.
Властите на Токио соопштиле дека околу 9 100 луѓе можеби примиле контаминирани вакцини. Осака пријавила околу 50.000 такви апицирања на вакцината, Хјого 41.500 и Аичи 28.000. Некои компании што спроведуваат инокулација на работното место биле принудени да ги суспендираат своите програми. Компанијата „Нипон ервејс“, која има администрирано околу 4.700 дози на вработените и членовите на нивните семејства, одлучила да ја прекине својата програма….
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.