Јапонија денеска одбележува годишнина од атомскиот напад врз Хирошима, што се случи на 6 август 1945 година. Годинашната комеморација е засенета со одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) оваа година да не повика на минута молчење за жртвите.

Преживеаните, роднини и само мал број странски лидери присуствуваа на утринската церемонија во Хирошима, во западниот дел на Јапонија, за да им оддадат почит на жртвите и да повикаат на мир во светот.

За време на пандемијата на корона вирус, јавноста е исклучена од церемонијата, како и во 2020 година, но можеше да се следи на Интернет.

Учесниците, со маски на лицата и во црни костуми, во 8.15 часот (четврток 01.15 часот по средноевропско време), кога американска атомска бомба падна врз градот пред 76 години, одржаа минута молчење во чест на жртвите.

Преживеаните и градската власт во Хирошима неодамна му предложија на МОК да ги покани спортистите да се придружат во Токио за да им оддадат почит на жртвите.

Сепак, претседателот на МОК, Томас Бах не го прифати предлогот, истакнувајќи дека церемонијата на затворање на Олимписките игри во недела ќе биде можност да им се оддаде почит на сите жртви на трагичните настани во светската историја.

Во бомбардирањето на Хирошима загинаа 140.000 луѓе од август до декември 1945 година, а во бомбардирањето на Нагасаки на 9 август истата година загинаа 74.000 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.