Јапонскиот министер за надворешни работи, Тошимицу Мотеги, изрази надеж дека Јапонија ќе го продлабочи својот сојуз со новата американска администрација и ги повика САД да бидат посветени на безбедноста во Индо-пацифичкиот регион и други клучни меѓународни прашања.
Говорејќи за јапонската дипломатија, Мотеги изрази надеж дека неговата земја ќе соработува со администрацијата на Бајден, истакнувајќи дека Јапонија ќе мора да преземе поголема одговорност во Јапонско-американскиот безбедносен сојуз, со оглед на тоа дека САД се повеќе се насочени кон економски прашања и надминување на поделбите во американското општество.
Тоа значи зајакнување на јапонските воени потенцијали, а не само поголеми издвојувања за американските воени бази во Јапонија – изјави шефот на јапонската дипломатија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.