Речиси десет години по катастрофата во нуклеарната централа Фукушима, јапонската Влада одлучи да ја испушти контаминираната радиоактивна вода од уништената електрана во океанот.
Како што објавуваат јапонските медиуми, формалното соопштение за одлуката се очекува до крајот на месецот.
Одлуката се очекува да ги загрози соседните држави, како Јужна Кореја, во која се засилени контролите на радијација за храна од Јапонија, но и дополнително да ја погоди рибарската индустрија во Фукушима која со години се бори со таквиот потег.
Грижата за контаминираната вода од електраната Фукушима е долгогодишен проблем за Јапонија. Повеќе од милион тони вода се складирани во големи резервоари во објектот.
Електраната со која управува „Токио Електрик Пауер Комани Холдингс“, имаше неколку катастрофи по земјотресот и цунамито во 2011 година. Весникот „Асаши“ објави дека за секое такво испуштање се потребни двегодишни подготовки, бидејќи озрачената вода мора да мине низ процес на филтрација пред да може натаму да се разредува со морска вода и на крај да заврши во океанот.
Претставници на јапонската рибарска индустрија минатата недела побараа од Владата да не дозволи излевање на контаминираната вода од електраната во океанот, тврдејќи дека такво нешто ќе ја уништи нивната макотрпна работа низ годините за обновување на угледот.
Јужна Кореја ја задржа забраната за увоз на морска храна од подрачјето на Фукушима што беше воведена по нуклеарната катастрофа и минатата година повика висок претставник на јапонската амбасада во Сеул да објасни на кој начин Токио ќе го реши проблемот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.